НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА

0
53

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер синоќа го погоди централниот турски регион, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) за нов потрес по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 46.000 луѓе во Турција и соседна Сирија,

Повеќе од 5.700 последователни потреси беа регистрирани по првиот разурнувачки земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и соседна Сирија на 6 февруари, изјави директорот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер.

 

 

Бројот на смртни случаи во Турција се искачи на 40.642, а во соседна Сирија со денови има извештаи за повеќе од 5.800 смртни случаи, со што бројот на жртви се искачи на речиси 46.500.

Земјотресот вечерва се случи на длабочина од десет километри, соопшти EMSC во областа Кахраманмарас, турскиот регион кој исто така беше погоден од првите земјотреси. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5 степени, а засега нема извештаи за повредени или нови штети, пренесе Ројтерс.

Околу 13.000 спасувачи сè уште ги продолжуваат напорите за пребарување и спасување во најтешко погодените провинции Хатај и Кахраманмараш, рече Сезер, најавувајќи дека мисијата треба да заврши доцна утре.