ОДЗЕМЕНА И Е НАДЛЕЖНОСТА НА АРСОВСКА: Нема да може да ги издава спортските сали и имотот на средните училишта под кирија

0
20

Откако спортски клубови тренираа на студ, надвор додека спортската сала во општината Ѓорче Петров беше затворена од градот Скопје, сега градоначалничката Данела Арсовска остана без ингеренции.

Арсовска нема да може да ги издава спортските сали и другиот имот на средните улилишта под кирија туку директорите на школите бидејќи Советот на Град Скопје донесе нова одлука за издавање под закуп на имотот на Град Скопје и средните училишта која е спротивна на онаа која по предлог на Арсовска беше донесена пред 10 месеци, со која Градот ја презема надлежноста од директорите.

На вчерашната седница советниците од ВМРО-ДПМНЕ доставија иницијатива за донесување нова одлука за начините и условите за закуп на имотот на училиштата со која надлежноста ѝ се одзема на Арсовска и се враќа на директорите.

Градоначалничката Данела Арсовска пак порача дека оваа одлука која ја подготвиле не е законска и поради тоа таа како градоначалничка нема да ја спроведува.

Одлуката беше изгласана со 23 гласа „за“, а 6 советници беа против.