ПО ХАКЕРСКИОТ НАПАД ВРЗ ФЗО ВЛАДАТА БАРА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СИ ЈА ОСИГУРААТ СИГУРНОСТА

0
16

Владата бара од институциите да си ја осигураат сигурноста, по хакирањето на системот на Фондот за здравствено осигурување.

„Владата, на денешната седница, ја разгледа и прифати и Информацијата со предлог мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите од јавниот сектор, со цел градење отпорност во нивната заштита“, велат од владината прес-служба по завршувањето на редовната седница.

Хакираниот систем на ФЗО изминатите денови предизвика хаос во здравствениот сектор. Доцнеше исплатата на плата за здравствените работници, како и боледувањата за граѓаните.