ФОТО: СНЕЖНА ПОКРИВКА ГО ПРЕКРИ ДЕЛ ОД БАЛКАНОТ, ВАКА ИЗГЛЕДА ЗАГРЕБ УТРИНАВА

0
50

Пристигна промена на времето и ноќеска врнеше снег низ цела Хрватска

Снег има и во Загреб, но од сабајле веднаш почна да се топи.

Временската прогноза вели дека снегот ќе продолжи да паѓа во поголемиот дел од континентална Хрватска денеска и утре.

Ладниот бран се уште не стигнал до појужните делови, па така за разлика од снежното утро во Белград, 200 километри јужно, во Ниш денеска се измерени 15 степени.

Поради зимските услови патувањето низ дел од регионот е отежнато.