Гостиварец изнајмил автомобил на 19 дена, па одлучил да не го враќа

0
50

Полицијата поднесе кривична пријава против маж од Гостиварско кој изнајмил автомобил во времетраење од 19 дена, а по истекот на рокот не го вратил возилото

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ј.Р. од село Врапчиште поради постоење основи на сомнение за кривично дело „затајување“. На 12.07.2022, пријавениот од правно лице од Виница изнајмил патничко возило „фолксваген“ во времетраење од 19 дена, а по истекот на договорениот рок не го вратил патничкото возило, со што му нанел штета на правното лице во износ од 361.500 денари“, соопшти МВР во дневниот билтен.