Албанците најпозитивно мислење имаат за Ахмети, Таравари и Меџити , а негативно мислење за Груби и Тачи

0
14

Изет Меџити се покажува како политичка личност што не е лидер на политичка партија за која граѓаните од албанска националност имаат најпозитивно мислење, а најнегативно мислење од граѓаните има првиот вицепремиер Артан Груби, поточно околу 60 отсто.

Ова го потврдува истражувањето спроведено во втората половина на февруари, што го објави Алсат. Меџити како лидер на „Огнената група“ во ДУИ е рангиран на третото место со поддршка од 43,5 отсто, а пред него се само Али Ахмети, претседателот на ДУИ, со 48,9 отсто и Арбен Таравари, лидерот на Алијанса, со 46 отсто. Меџити зад себе ги остава Билал Касами и Африм Гаши.

„Испитаниците имаат попозитивно мислење за Али Ахмети (48,9%), Арбен Таравар (46%) и Изет Меџит (43,5%), додека негативно мислење имаат за Менду Тачи (58,6%) и Артан Груби (58,3%). Најмалку им се познати Башким Хасани и Кастриот Реџепи“, се вели во истражувањето/

За случувањата во ДУИ и делувањето на „огнената група“, анкетираните го издвојуваат Меџити како најповолен за иден политички лидер. 21,4 отсто од испитаниците сметаат дека Меџити може да биде лидер на политичка партија, а Муса Џафери, Невзат Бејта и Висар Ганиу имаат мала поддршка, односно под 10 отсто.

Во однос на битката во ДУИ, 30,5 отсто од испитаниците сметаат дека војната на огнената група е фер, додека околу 14 отсто оценуваат дека тоа е лична битка против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.