„Антикоцкање“ со герила акција: Од продавница за кеш пари, во казино и на крај во болница

0
19

Движењето Антикоцкање со герила акција за што поброз да се донесе новиот предлог закон за Игри на среќа. Тие во центарот на Тетово симболично поставија триаголник, во кој ги опишаа последиците од како што рекоа од објектите каде се приредуваат игри на среќа.

 

Триаголникот треба да го видат сите граѓани. Тој ја симболизира алармантната состојба во која се наоѓа нашето општество. Станува збор за „бермудски“ триаголник, кој унишутува се што се му се доближува, велат од движење.

 

 

Од Антикоцкање се надеваат дека новиот предлог закон со европско знаменце што поскоро ќе се изгласа оти како што велат животот не е коцка, а младината треба да се заштити од порокот, кој богати одредени поединци во државата.

Предлог-законот за игри на среќа предвидува обложувалниците и казината да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри.