Увидот за електричната инсталација во модуларната во Тетово не можевме да го извршиме оти објектот беше поплосан, кажаа вештите лица на судењето

0
30

Приклучокот за модуларната болницата е изведен со напоен кабел од трафостаницата, сопственост на Клиничката болница Тетово. Нашето вештачење утврди дека се запазени процедурите согласно проектот, сведочеше вештакот Влатко Стоилков од Електротехнички факултет Скопје.

„Во однос на електричната инсталација бевме на лице место во модуларната, но поради тоа што целосно беше опожарен објектот, за жал не можевме да извршиме увид. Но, направивме увид во две други модуларни болници во Гостивар и Кавадарци, во кои извршивме проверка дали опремата одговара на проектот и утврдивме дека модуларните болници се изведени согласно законот, сведочеше вештакот Влатко Стоилков од Електротехничкиот факултет Скопје.

На рочиштето свои искази дадоа две медицински сестри, кои како сведоци ги повика одбраната на третобвинетиот, доктор Бобан Вучевски. Кажаа дека виделе ПП апарати , но за време на пандемијата не знаеле кој бил раководител на модуларната болница.

„Јас не можам да ви кажам кој бил раковидител на модуларната болница. Мене ми се јави главната сестра и ми рече дека ќе бидам ангажирана во модуларната болница. Јас имав забележано противпожарни апарати, а на влезната врата на модуларната, пишуваше забранет влез, сведочеше една од медицинсктие сестри.

И денеска пред судското рочиште, тетовци со подршка за третообвинетиот доктор Бобан Вучевски. Сметаат дека вината треба да се бара на друго место, а не кај докторот, кој за време на пандемијата спаси многу човечки животи.

Следното судење е закажано за 6 април ,на кое ќе сведочат сведоци на одбранатса. Следуваат завршните зборови, а потоа и објавување на пресудата.

Во случајот модуларна болница, Тетовското Обвинителсво ги обвини двајцата директори Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.