Во Лешочкиот манастир се одржа првото литургиско чествување на Свети Кирил – Лешочки

0
19

Во сослужение на  Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и архиереите на МПЦ-ОА во црквата Свети Атанасиј се отслужи првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил – Лешочки. Втемелувачот на новата македонската книжевност и литература Кирил Пејчиновиќ ,сега веќе прогласен светец, бил просветител, преродбеник, писател и исцелитет, чувар и заштитник на македонскиот етнос.

Светиот Кирил Лешочки со духовната величина и преродбеничка дејност, доби заслужено место во редот на македонските светители.

Со своите проповеди и севкупна дејност, Пејчиновиќ се истакнал во времето кога на нашиот народ му требало поука, како да биде поблиску до Бога.

Од чувањето на верата зависи целокупниот наш народен културен и јазичен етнос, изјави во својата беседа, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан

Професорот Борис Момириски кој живее во Лешок, со децении ги проучувал неговите дела и неговото живеење и делување. Тој е првиот духовник кој своевремено ги посетил сите цркви и Манастири во Македонија, каде ги собрал и заштитил заборавените црковни книги.

Долго време го чекавме овој ден каде ќе можеме да присуствуваме на боженствена лутургија. посветена на нашиот светец, велат тетовци.

Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок каде подоцна во манастирот служи и станува Игумен.Неговиот животен пат освен на бројните написи, го напишал и на камената плоча на неговиот гроб, која самиот ја изделкал пишувајќи го познатиот епитаф.