Даравелски е на слобода, делото застаре

0
24

Судечкиот совет при Кривичниот суд донесе решение со кое го запира кривичниот прогон за ексдиректорот на Царина, Драган Даравелски. Според судиите, нему не може да му се суди одново бидејќи има апсолутна застареност на делото злоупотреба на службена положба и овластување. Пресудата со која доби седум години затвор – се укинува.

„Имено, по барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот беше распредлен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надовр од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година со оглед да:

Согласно член 353 ст.1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 год. а кој бил во важност за време на сторување на делотот, „службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета ( став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“. Соглансно член 107 ст.1 од истиот Закон „кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото“, а согласно член 108 ст.6 од истиот Закон „застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапат онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење“ – велат од Кривичниот суд.

Судот утврдил дека во конкретниот случај апсолутната застареност настапила на 01.12.2022 година. МВР на 10-ти јануари годинава го лиши од слобода Даравелски, кој беше баран со меѓународна потерница.

Тој во 2007 година во отсуство беше осуден на казна затвор во траење од седум години. Даравелски во 2016 година еднаш веќе беше уапсен во Белград, но не дојде до негова екстрадиција.

Даравелски се товареше дека додека бил директор, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа.