Жителите на Македонија најнесреќни во светот

0
14

Финска шеста година по ред е прогласена за земја со најсреќно население, покажува Светскиот извештај за среќата објавен денес.

Извештајот, кој се бави и со ефектите на кризата со коронавирусот врз среќата на луѓето, секоја година го составуваат научници во Соединетите Американски Држави врз основа на анкети на институтот Галуп.

Според извештајот, по среќните Финци следат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Македонија се наоѓа на 87 место, по Конго и едвај пред Венецуела. Од земјите во регионот најсреќна е Словенија на 22 место, Србија е 45, а Хрватска 48. Црна Гора е на 67 место, а Босна и Херцеговина на 71 место на Светскиот извештај за среќата.

Грција е на 58, а Бугарија е на 77 место.