За да се опстане во месецот, сега се потребни 15.000 денари повеќе од лани

0
15

За да ги обезбеди најосновните потреби, на едно четиричлено семејство во јануари годинава му биле потребни 50.909 денари, што е за дури 15.000 денари повеќе од истово време лани, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари во месецот одат на храна и пијалаци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз се потребни најмалку 3.679 денари, а за хигиенски производи 3.154 денари.

Во однос на претходниот месец, износот на синдикалната потрошувачка кошничка е зголемен за 110 денари.

Ако оваа сума се спореди со минималната потрошувачка кошничка пресметана за февруари 2022 година, тоа значи дека трошоците што ги има едно четиричлено семејство за една година се зголемиле за речиси 15.000 денари. Во февруари лани, ССМ пресмета дека минималната синдикална кошничка изнесува 36.146 денари.