Камиони и комбиња во полошко возат со неисправни сопирачки

0
15

За само четири часа вчера во полициска контрола на подрачјето на СВР Тетово било утврдено дека 7 товарни возила имаат неисправни сопирачки, а некои не се јавиле на технички преглед.

„При контролата е констатирано и дека две возила не се јавиле на технички преглед. Покрај ова, едно возило било со истечена регистрација, а кај две бил констатиран претовар и кај исто толку други недостатоци. Санкционирани, исто така, биле четири возачи за погрешно паркирање, еден за непоседување на возачка дозвола, како и четири други видови сообраќајни прекршоци, соопштија од СВР Тетово.

СВР Тетово со апел до возачите на товарни возила, камиони, комбиња и други навреме да ја проверуваат техничката исправност пред да тргнат на пат, посебно сопирачките и уредите за управување, но и да не ги управуваат без положен возачки испит или со истечена регистрација. Им се укажува и да внимаваат на товарот, односно соодветно да го обезбедат товарот што го пренесуваат и тој да биде во пропишаните количини.