Минималната плата од април ќе изнесува 20.175 денари

0
27

Почнувајќи од април годинава, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари, односно од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски.

Оваа одлука беше донесена по денешната средба на Економско социјалниот совет во Владата.

„Ова значи над 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници којшто е усогласен со законот за минимална плата тоа значи дека линеарно ќе се усогласат платите на 27.000 работници како и во другите сектори во кои законите се усогласени со законот за минимална плата“, изјави Ковачевски.

Од сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги повикаа работодавачите соодветно да ги усогласат платите и на другите вработени.

Сакаме да ги повикаме сите работодавачи како во приватниот, така и работодавачите во приватниот сектор, односно Владата да ги усогласат платите и на останатите вработени, за да не дојде до една соодветна урамниловка каде што нема да имаме мотивирани работници, туку работници кои ќе се споредуваат едни со други за тоа колку плата земаат“, рече Златко Цветковски од ССМ.