Мотоциклист се заби во автомобил, пренесен во тетовската болница

0
22

Претпладнево околу 10 часот во сообраќајна несреќа која се случи на улицата „Страшно Пинџур“ во Тетово со повреди се здобил 66- годишник од тетовско Доброште кој управувајќи мотоцикл „Хонда“ се судрил со автомобил „Опел Тигра“ управуван од жител од истото село на возраст од 36 години.

Од ударот како што се гледа на фотографијата видно се оштетени и автомобилот и моторот.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.

Се работи на целосно расветлување на случајот, соопштија од тетовската полиција.