Објавена снимка од железничката несреќа во Грција

0
47

Најмалку 40 лица загинаа во железничка несреќа во Грција, а на социјалните мрежи се појави видео од судир на патничкиот и товарниот воз во близина на градот Лариса.

Безбедносната камера го снимила страотниот момент на судирот на меѓуградскиот патнички воз со околу 350 патници кој се движел од Атина кон Солун и товарниот воз.

 

Според грчките медиуми, се проценува дека бројот на загинати ќе се зголеми. На лекување се 72 повредени, од кои шестмина се на интензивна нега. Претходно грчката државна телевизија ЕРТ објави дека меѓу 50 и 60 лица се уште се водат како исчезнати.

Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис поднесе оставка, а премиерот Киријакос Мицотакис, по посетата на местото на несреќата, трагедијата ја опиша како „неопислива“ и изрази искрено сочувство до роднините на жртвите.