Премиер Албанец не е новина, ќе имаме технички премиер, рече Ковачевски без да коментира што значи „Да! Тој доаѓа“

0
22

„Премиер Албанец? Тоа не е ништо ново. Тоа беше објавено на прес-конференција во 2020 година, по изборите, од страна на Зоран Заев и Али Ахмети. Снимките постојат и можат да се преслушаат. СДСМ ги почитува коалициските договори. Таа година СДСМ формираше влада со ДУИ, зашто победи на изборите. Така ќе биде и во 2024 година, на редовни избори, кога СДСМ ќе победи и ќе формира Влада со коалиционите партнери. Во однос на премиер кој ќе обавува техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, во последните 100 дена. Како и да е, уверени сме дека на изборите кои ќе се одржат идната година, ние ќе ја добиеме поддршката и повторно премиерот ќе биде од редот на “, рече Ковачевски.

Тој во истиот контекст оцени дека „нациоанлистичка дрма“’ приредуваат  ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Ковачевски не сакаше да ја коментира и најновата кампања на ДУИ „Да! Тој доаѓа“, оценувајќи дека станува збор за интерна работа на партијата низ која излегуваат „креативни слогани“.

Инаку, треба да се верува дека новата кампања на ДУИ е со значење дека следниот премиер ќе биде Албанец, во духот на последните изјави на Бујар Османи и Артан Груби кои најавија дека наскоро за првпат премиер во Македонија ќе биде Албанец.