Се знае со што бил отруен битолчанецот кој нарачал чаша кисела вода во познат локал

0
32

42-годишниот човек, кој два дена се лекува на Клиниката за токсикологија откако нарачал чаша кисела вода во познат угостителски објект во Битола, е отруен со корозивно средство, а според „Канал 5“, од Клиниката потврдиле дека се работи за средство за миење садови.

Тој бил отруен со концентриран калиум и натриум хидроксид, чијшто двопроцентен раствор се користи за машинско миење на садови.

На битолчанецот му е оштетен хранопроводот и желудникот. Тој прво побарал помош во битолската болница, но поради тежината на состојбата бил префрлен во Скопје.

Доктор Ридван Бајрами, директор на Клиниката за токсикологија, претходно денеска за „Слободен печат“ потврди дека пред два дена примиле пациент од Битола, кој кажал дека го отруле во кафуле откако нарачал кисела вода и се напил само една голтка.