Силен земјотрес во Авганистан и Пакистан – се уриваат згради, луѓето панично бегаат

0
24

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Авганистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, предизвикувајќи силни потреси низ целата земја.Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри.

Силни потреси го погодија и Пакистан каде на социјалните мрежи се објавуваат видеа од уривање на згради, потресни снимки како тие од Турција.

Во погодените делови од Авганистан луѓето ги напуштаат домовите и се излезени на улица.

Потреси беа почуствувани дури и во Индија, каде граѓаните на главниот град Њу Делхи излегоа на улица.

Засега официјални податоци за жртви и повредени нема, но според споделените видеа се очекуваат црни статистики.