Софија да ги признае правата на Македонците, бара Ковачевски

0
23

Македонските власти бараат Бугарија да ги признае правата на Македонците.

Премиерот Димитар Ковачевски ги повика бугарските власти да ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признаат правото на самоопределување на Македонците, кои живеат во Бугарија. Изјавата на премиерот доаѓа по извештајот за човекови права на американскиот Стејт департмент објавен деновиве, во кој во делот за Бугарија пишува дека земјата и понатаму одбива да ги регистрира активистичките групи на етничките Македонци и покрај бројните пресуди на ЕСЧП. За да продолжи на патот кон ЕУ, Македонија мора да направи уставни измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во македонскиот Устав, но ВМРО-ДПМНЕ е против, а лидерот Христијан Мицкоски тврди дека и покрај притисокот од меѓународната заедница нема да го променат ставот.

Според бугарскиот попис на населението, во земјата има 1.143 Македонци. Но, се смета дека реалната бројка е поголема. Луѓето не се изјаснуваат како Македонци поради повеќе причини, а една од нив е притисокот. Oд ОМО Илинден со години бараат Бугарија да го признае македонското малцинство.