Таткото на починатата 6- годишна Јана: Лекарите ѝ дадоа гликоза додека имаше 9- ка шеќер

0
23

Мојата Јана која во септември ќе наполнеше шест годинки почина поради лекарска грешка бидејќи докторите на 9 –ка шеќер во крвта и дадоа ѝ дадоа гликоза во инфузија после што ѝ се крена шеќерот на 19.“

Ова во изјава за Канал 5 го вели триесет и шестгодишниот Стојче Христовски, од битолско Кравари, татко на девојчето што вчера попладне почина, неколку часа откако со неговата сопруга го однеле во битолската болница поради симптоми на настинка. Христовски раскажува дека со неговата сопруга сведочеле на она што се случувало откако настанале компликациите по првата инфузија, кога лекарите спремиле втора, ама не можеле да ја боцнат поради тоа што вените на детето му прскале.

„До колата си одеше, добра беше, влезе во автомобилот и отидовме до болница. За да не се мачи, дека беше омалаксана на раце ја однесов до детското одделение. Веднаш докторката рече да направиме крвна слика, направивме, а го измерија и шеќерот, беше 9-ка. Дури, во лабораторија ни напоменаа за шеќерот. Го вратив во детско одделение детето. Му дадоа гликоза, 100% гликоза, сопругата беше внатре, знаеше што ѝ ставаат. Протече инфузијата, но состојбата се влоши… Шеќерот се крена 19…Ви кажаа зошто? Ништо не ни кажаа, девојчето почина, а тие не ни кажаа од што, од срцето, мускулно заболување, не знам што. Детето немаше никакво заболување, немаше проблем, си играше, трчаше, не се задишуваше.

Христовски обвинува дека лекарите не знаеле што да прават па телефонски барале консултации. Вели, повеќе од два часа чекавме да ни кажат дека моето дете повеќе не е живо, а за утеха ни раскажуваа за сличен случај со двегодишно дете кое починало пред два месеци. Тој ни потврди дека обдукцијата е завршена, а семејството чека да ги види резултатите.

Директорот Обедниковски во телефонски разговор за Канал 5 не сакаше да ги коментира тврдењата дека девојчето починало од инфузија, но кажа дека примало, а по застојот на срцето на девојчето, имало обиди за реанимација кои траеле 40 минути.

Од Обвинителството за Канал 5 велат дека по насоки на јавен обвинител се превземаат дејствија за испитување на конкретниот случај, се обезбедува комплетната медицинска документација, а се чекаат и резултатите од обдукцијата. Кога ќе се заврши со постапките ќе има детали.