Тешка сообраќајка во Врање: Возило со македонски таблички удрило во банкина

0
18

Синоќа дошло до тешка сообраќајна несреќа на улицата „Партизански пат“ во српскиот град Врање, во која автомобил со македонски таблички излетал од патот, при што едно лице загинало, јавуваат српските медиуми.

Од полицијата велат дека се уште не се познати околностите, туку само е потврдено дека истрагата е во тек.

Еден пациент е згрижен на тамошната Итна медицинска помош.

Според информациите, автомобилот со македонски регистарски таблички излетал од патот и удрил во банкина.