Црни статиски: На 100.000 граѓани во Македонија над 5.000 пациенти со мозочни удари кои се почесто се појавуваат и кај помладата популација

0
25

Мозочните удари се почеста појава кај помладата популација. Нездравиот начин на живот, но и постковид компликациите се најчестите ризик фактори, велат здравствените работници на работилницата на тема “ Превенција од мозочен удар“. За време на пандемијата во текот на само една година на 100.000 граѓани биле регистрирани повеќе од 5000 нови пациенти со мозочен удар, бројки кои загрижуваат.

 

15 % од мозочните удари се евидентирани кај помладата популација. Кај нив имаме поспецифични ризик фактори, а најчесто и не можат да се откријат причините. Инфекциите од Ковид пандемијата пак дополнително ја зголеми оваа појава, велат здравствените работници.Најдобар лек е превентивата, пред се здравиот начин на живот.

„Најголем дел од мозочните удари кај помладата популација ги викаме удари, кај што не е откриена причината за мозочниот удар, тие се викаат криптогени мозочни удари. Но, овде поголем дел од тие пациети имаат срцева аномалија која што може да биде предизвикувач на мозочен удар, а во друга категорија спаѓаат и состојби кои се поврзани со коагулациониот механизам, исто така повреди на крвните садови на вратот, трауми на вратот и секако стилот на живот, а овде е употребата на никотин, алкохол и наркотици.Превентивата е најважна која опфаќа и значи да се делува на ризик фактори, за да не дојде до мозочне удар. Да се третираат ризик фактори ако дојде до мозочен удар од типот на хипертензија, дијабет, обезност, физичка неактивност, тоа се тие работи на кои ние можеме да делуваме за да не додје до мозочен удар. Секуднарната превенција е да ја откриеме причината за мозочниот удар, за да можеме соодветно да се заштитиме, за да не се појави. Кај помладите пациенти имаме зголемување на мозочни удари како последица на Ковид 19, нарушување на коагулациониот систем и не е само короната, било која инфекција или вирусите може да бидат причините кои доведуваат до мозочен удар. Секој инфект во организмот може да доведе до формирање на протомбогена состојба во организмот, дали ќе замине тоа во мозокот или во белите дробови, тоа не може да знаеме, кај секој пациент е различно, изјави неврологот Д-р Сања Џамбазова Зикова.

Треба поголема едукација како да ги препознаеме мозочните удари ,за што поскоро да се обратиме на лекар. Со здравствена култура не можеме да се пофалиме, но и рахабилитациониот пеирод на луѓето со мозочни удари не е доволен. Да се обрне внимание на посеофатно третирање на пациентите, за да можат да се вратат во нормален живот.

Мозочните удари веќе може да се дефинираат како хуманитарна катастрофа, велат здравствените работници. Свесноста за оваа болест мора да се подигне на повисоко ниво, ако сакаме да се намали црната статистика.