Oд вечерва на полноќ граѓаните ќе точат бензин по поскапа цена

Малопродажната цена на дизел горивото од вечерва на полноќ се намалува за 1 денар по литар, додека нафтата за домаќинствата поевтинува за 1,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 1 денар, додека бензинот од 98 октани поскапува за 1,5 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 денари за килограм.

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 82,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)

Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,628 (денари/килограм)

Од Регулаторната комисија за енергетика потсетуваат дека трговците можат нафтените деривати да ги продаваат по пониска цена.