Апасиев: Некој ќе заглави во затвор за договорот со Бехтел и Енка

0
14

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, порача дека некој ќе заглави во затвор за договорот со Бехтел и Енка за изградба на четирите автопати, откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, обелодени дека во него пишува дека изведувачот има право на големо финансиско обештетување доколку не му се овозможи да ангажира работници на 60 часа неделно работно време.

– Антимакедонската влада на ДУИ, со ВД премиерот Таче, потпишала противуставен договор со американскиот конзорциум “Бехтел и Енка”, дека ако не му обезбедат 60 часовно работно време за работниците на автопатите, ќе треба да му плати 53 милиони ЕУР на име “пенали” (оштета)!

p.s. Не знам кој ве насамарил да го потпишете договоров, ама знам дека некој ќе заглави у затвор после падот на хунтава, изреагира Апасиев.

Договорот со Бехтел и Енка не е објавен за јавноста, но Николоски синоќа на телевизија тврдеше дека го видел. Владеачкото мнозинство сега е под притисок преку законски измени да овозможи 60-часовно работно време за Бехтел и Енка, откако еднаш Уставниот суд тоа им го блокираше.