ВИДЕО: Се запали авион со 150 патници, се обиде да се врати на аеродромот

0
20

Ова го соопшти агенцијата АНИ, повикувајќи се на неименувани извори. Според неофицијални информации, во авионот имало 150 патници и членови на екипажот. Наводно, еден од моторите во авионот се запалил веднаш по полетувањето од аеродромот. Авионот бил на пат за Дубаи, но потоа побарал итно враќање на матичниот аеродром. Противпожарните служби беа во подготвеност на аеродромот, изјавија неименувани извори.

 

Непалскиот министер за туризам изјави дека нема да има итно слетување и дека Боингот 737-8КН го продолжил летот за Дубаи.

„Пилотите го исклучија моторот откако се појави проблемот и оценија дека можат да го продолжат летот без да се вратат на аеродромот во Катманду“, изјави заменик-директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство во Непал. По драмата, пилотите ѝ кажале на контролата на летот дека сите индикатори на авионот се нормални.