Ибраимовски: Кај Ромите да се пробуди свеста, се уште се наоѓаме во зимски сон

0
31

Претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски го честиташе 8 април – Меѓународниот ден на Ромите. Тој смета дека кај Ромите крајно време е да се пробуди свеста оти се уште се наоѓале во зимски сон.

Упати забелешка до претседателот и премиерот на Македонија, кои како што рече ја урнале 30- годишната традиција и на средба кај нив наместо претставници на ромски партии повикале невладини ромски организации.

„Да и порачам на власта на претседателот на државата и на премиерот, дека вчера го урнаа угледот на ромските политички партии во Македонија. Од нив секоја година добивавме покана за средба, со нив разговаравме за проблемите на Ромите.На средба оваа година ги собраа невладините организации, кои на грбот на ромскиот народ заработија многу пари, нив ги викнаа на вчерашната прослава, јас вчера бев разочаран, изјави Ибраимовски.

Тој додаде дека и од премиерот и од претседателот на државата секоја година Ромите слушаат една иста стихотворба, дека ќе се подобри статутот на Ромите, но од тоа вели нема ништо.

Ибраимовски најави протест по завршувањето на рамазански пости од каде ќе побараат да престане дискриминацијата кон Ромите.

Извор СП