И побарал запалка на сосетката, па ја малтретирал и силувал

0
26

Жена (69) вчера била силувана во нејзината куќа кај Бачка Паланка од 23-годишен сосед.

Според извор на Телеграф, жената излегла од куќата во дворот за да оди во полскиот тоалет, кога осомничениот дошол преку улица и и побарал запалката. Таа се вратила во куќата да најде запалка и да му ја позајми, а тој тргнал по неа, влегол во куќата, ја малтретирал и силувал.

Оштетената не го пријавила веднаш случајот, туку на соседот му кажала се, по што решиле да повикаат полиција и да пријават. Полицијата веднаш реагирала и го лоцирала младиот човек, тој е приведен и задржан 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител.