Маж почина откако паднал во необележана шахта во Катланово

0
22

Вчера околу 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Катланово имало паднато машко лице А.А. на возраст од 68 години во шахта, извести МВР.

Според пријавеното, додека се движел пешки А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал, соопшти МВР.

Од лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.