Мистериозна светлина над Киев, НАСА објави дека не е нивен сателит (ВИДЕО)

0
17

Мистериозен блесок кој го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации. Официјални лица од Киев изјавија дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но НАСА објави дека тоа не е така и дека нивниот сателит се уште е во орбитата.

На социјалните мрежи кружат бројни снимки од светлината на небото над Киев.

Украинското воено воздухопловство сугерираше дека блесокот можеби бил метеорит, а тие изгледаат уверени дека блесокот не бил предизвикан од руски воздушен напад.

 

Сјајот на небото над Киев е забележан околу 22 часот по локално време. Активирана е тревога за воздушен напад, но противвоздушната одбрана не била активна, објави на Телеграм Сергеј Попко, шеф на воената администрација во Киев.

-Според прелиминарните информации, овој феномен е резултат на падот на сателит на НАСА на Земјата, рече Попко.

Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека сателитот тежок 300 килограми повторно ќе влезе во атмосферата во среда. Вселенското летало RHESSI, кое се користело за набљудување на сончевите блесоци, беше лансирано во орбитата на Земјата во 2002 година.

Но, Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА за Би-Би-Си изјави дека сателитот се уште е во орбитата, па блесокот не доаѓа од него.