Полицијата приведе лекар-анестезиолог од Тетово кој на Тик Ток во живо објавувал видеа од Гинекологија

0
21

Полицијата потврди дека синоќа е приведен лекар во Тетово кој бил вработен како анестезиолог во гинекологија во тетовската болница.

Лекарот снимал и во живо објавувал видеа од болницата на социјалната мрежа Тик Ток. Лекарот В.Д. по прилогот на ТВ 21 синоќа е приведен во тетовската полициска станица откако случајот по новинарското откритие го пријавил директорот на болницата во Тетово.

-Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите, изјави за ТВ 21 директорот на болницата Пелумб Вела.

На снимките објавени на ТикТок се гледа како лекарот се движи низ болницата, се смее додека ги снима колегите и пациентите кои се во болницата.

-На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43),постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д.,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.