Претреси во гевгелиско, пронајдени 15 килограми марихуана, приведен дилер

0
26

На 23.04.2023, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско.

При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 килограми марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.