Приведен криминалец осуден на шест години и 10 месеци казна затвор

0
23

На 19.04.2023 во 18:40 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ч.(43) од Скопје.

Тој бил осуден на шест години и 10 месеци казна затвор за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и 10 месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.