Приведен разбојник во Битола, расчистени три кривични дела- одреден е притвор во траење до 30 дена

0
20

Криминалистичката полиција при СВР Битола на 18.04.2023 го лиши од слобода Н.Д.(43)од Битола поради сомнение за извршени разбојништва на подрачјето на Битола.

Имено, на 11.04.2022 околу 08.00 часот, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист, во аптека на ул.„Солунска“ во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари.

На 16.05.2022 во 08.40 часот, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари.

На 18.04.2023 во 06.55 часот, Н.Д. од аптека на ул.„Димитар Илиевски Мурато“, со закана со нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки.

Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определена мерка притвор од 30 дена.