Се обиделе да запалат фирма во Скопје

0
26

Ноќеска околу 04:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на бул.„8 Септември“, сопственост на К.Ф.(48) од Скопје биле фрлени тврди предмети и шишиња со запалива течност. Според пријавеното, пожар не бил предизвикан, туку биле оштетени работна машина и комбе „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.