Тетовски земјодели: Земјоделецот работи како коњот за сламата, па и сламата не му останува

0
46

Земјоделските површини во тетовско се повеќе исчезнуваат. Семејни куќи и фабрики на обработливи површини.

Состојбата е загриживачка, вели земјоделецот Мемет Синани од тетовско Камењане. Со оваа дејност веќе никој не сака да занимава оти е нерантабилна и ризична, а државата сосема не заборави.

Тоа што ќе го произведеме не знаеме дали ќе го продадеме, цените за препарати се икачија до плафон.

„Кога ние работиме со загуба и кога производната цена е поголема од продажната, тогаш државата е должна да му ги рефундира средствата од 25 %, но тоа никогаш не се случило и оттаму нема одговор конкретен, само велат ќе биде, вели Синани.

Новите правила за добивање на субвенции е нерално да се иполнат. Се бараат фискални сметки од земјоделците кои ги продаваат производите на пазар, каде нема фискализација.

„Зошто и се откажуваат. Во Општина Боговиње од каде сум јас има некаде 30.000 жители и од нив 5.000 до 6.000 се земјоделци, но се повеќе се откажуваат. На пример картичките за нафта се пуштени во цела општина само за 187 земјоделци, каде се другите. Затоа младите одбегнуваат да се занимваат со земјоделието и ги оставаат нивите такавели Синани.

На крај резултатот е екстремно високи цени на земјоделските производи поради намалување на домашното производство. Решение вели е во отворање на откупни центри и пред се загарантиран пласман.