Уапсен малолетник кај Зелен пазар, фатен е како краде паричник од минувач

0
22

Денеска во кругот на Зелен пазар на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Тој бил затекнат при извршување кражба на пазарот, при што од лицето А.Б.(38) од Скопје одзел паричник со пари.

Малолетникот бил задржан во полициска станица, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.