Ужас во Црна Гора: Барале тело на загинат во сообраќајка, нашле скелет на исчезнат Албанец

0
19

Во местото Брајиќи, комбе Рено Трафик слета на околу 100 метри под нивото на патот. Возачот починал на лице место – соопшти полицијата.

За да го извлечат телото на жртвата, пожарникари и спасувачи се спуштиле во клисурата, но освен возачот и комбето, пронајдено е уште едно хаварисано возило и еден скелет.

Според неофицијални информации, заедно со скелетот биле пронајдени и албански лични документи, па се сомнева дека телото и автомобилот се на албански државјанин кој половина година се води како исчезнат.

Извор Канал 5