Османи положи цвеќе пред училиштето во Белград каде што се случи масовното убиство

Османи на својот Фејсбук профил изрази почит кон невините жртви од
застрашувачкото пукање и искрено сочувство кон семејствата и пријателите на
загинатите, но и кон целиот српски народ.

„Соочени со оваа незамислива трагедија, од клучно значење е да се здружиме
во споделувањето на загубата и болката и да дадеме поддршка на
најпогодените. Само така ќе потврдиме дека сме подготвени да спречиме вакви
ужасни инциденти да се случат во иднина“, напиша Османи на Фејсбук.