ФОТО: Камион паднал во Вардар кај Зелениково, мостот е опасен за движење

0
100

Центарот за управување со кризи информира дека околу 18 часот попладнево, товарно возило, движејќи се на локалниот пат меѓу скопските села Зелениково и Таор, изгубило контрола, ја пробило оградата и паднало во реката Вардар.

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегол на терен и направиле соодветно обележување на оштетениот мост, кој претставува потенцијална опасност за возилата и пешаците кои се движат по него.

„Известени се Јавното претпријатие за оддржување на магистралните и регионалните патни правци, со цел преземање мерки и активности во нивната надлежност. Посочено им дека е потребно итно да се излезе на местото за да се постави соодветно обележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената оград, за да не дојде до несакани последици. Тоа е и направено. Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментов е на терен, врши увид и постапува соодветно своите надлежности. Инаку, засега, според информациите од терен, во инцидентот нема жртви“, велат од ЦУК.

Извор С.П