ВИДЕО: „Зошто ја погледна жена ми?“ – Масовна тепачка на аеродром во Приштина

0
67

„Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирање?“ Ова е баналната причина за масовната тепачка која вчера се случи на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“.

Косовската полиција соопшти дека за тепачката осомничени се седум луѓе и тие се приведени во станица во Липјан.

Две лица се повредени на кои им била укажана лекарска помош, изјави портпаролката на полицијата Флора Ахмети. Полицијата соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во ова претепување се приведени во полициската станица во Липјан.