Видео: МВР отвори предмет за случајот со полицаецот кој го удри Талески со пендрек

0
53

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека отвора предмет за синоќешниот индидент во спортскиот центар „Билјанини Извори“ кога по ракометниот меч Вардар – Пелистер, еден од полициските службеници го удри македонскиот ракометар Филип Талески со пендрек, што предизвика бурни реакции во јавноста.

По службена должност одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР во писменото соопштение, посочувајќи дека досега не е поднесена пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници.

Финалето на Купот на Македонија го добија „црвено-црните“ со резултат 26-25, а по неговиот крај токму Талески како еден од најзаслужните за победата, го извлече најдебелиот крај во обид да расчисти турканица меѓу неколку ракометари.

https://twitter.com/i/status/1657443314600235010