(ВИДЕО) Се урнаа дел од зграда и скеле во центарот на Загреб

0
61

Се урнаа дел од зграда и скеле во центарот на Загреб. Инцидентот се случи на аголот од Клаиќева улица и плоштадот „Република Хрватска“.

Според првичните информации, нема повредени лица, а оштетени се автомобили кои биле паркирани непосредно покрај зградата.

Станува збор за објект каде што се наоѓа Музејот на уметности и занаети, кој се реконструира по последиците од земјотресот.

Директорот на Музејот, Мирослав Гашпаровиќ, изјави дека сè уште не се знае што се случило и оти последен пат бил на тоа место во петокот и сè изгледало дека е под контрола.

„Тоа е ризик кај овие стари згради. Дали имало пропуст или не, не знам, тоа ќе мора допрва да се утврди“,

вели директорот.

Веднаш по инцидентот на терен излегле пожарникари, а местото е обезбедено и надлежните екипи сè уште се на терен.