(Видео) Јотова му врачи пасош на Пендиков: Од денеска си под наша заштита и граѓанин на ЕУ

0
97
Oхриѓанецот Христијан Пендиков стана бугарски државјанин. Тој денеска во Софија доби државјанството со највисоки почести. Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова му го врачи државјанството по интонација на химната.

Тој се заблагодари на бугарските власти и пак обвинува дека Бугарите во Македонија трпат притисоци.

„Во Македонија има уште многу македонски Бугари кои се борат секојдневно за нашата кауза и идеологија, кои се во првите редови на идеологијата. Тие секојдневно се во Северна Македонија и трпат притисок од тамошните власти“, рече Пендиков.

Јотова кажа дека од денеска Пендиков ќе ги ужива правата и обврските на бугарската држава, а воедно ќе биде и граѓанин на држава во Европската Унија (ЕУ). Таа го нарече Пендиков дека е млад, храбар човек.

Пред неколку месеци Пендиков стана познат во јавноста откако доби ќотек во центарот на Охрид. Тврдеше дека три лица го нападнале затоа што се изјаснувал како Бугарин. Бугарија со владин авион го однесе во Софија на лекување и потоа таму доби повеќе привилегии. Пендиков беше секретар на бугарскиот клуб во Охрид именуван како „Цар Борис Трети“.

Во коментари дел од бугарските граѓани му честитаат на Пендиков, но некои кажуваат дека ова е смешно и прашуваат што придонел Пендиков за Бугарија.