Возило излетало во провалија кај Бродец, има повредени

0
20

Центарот за управување со кризи информира декаво 17.10 стигнала пријава за сообраќајна несреќа на патот за Бродец, Скопска Црна Гора, Општина Чучер Сандево.

Според информациите, излетало возило марка „голф“ во провалија при што имало и повредени.

Секторот за операции и координација во ЦУК вели дека имало три повредени лица кои се префрлени во болница, според природата на повредите (најверојатно во „8-ми Септември“).

Информацијата дека во возилото има и деца засега не е официјално потврдена.