Дојава за бомба во училиште во Чачак, евакуирани ученици, испразнети училници

0
72

Во Машинско-сообраќајното училиште во Чачак во утринските часови имало дојава за поставена бомба, пишуваат српските медиуми. Веста според написите предизвикала вознемиреност не само кај учениците туку и кај вработените во оваа образовна институција.

„На самиот почеток на првиот час вработените ни рекоа да ги оставиме клупите и да излеземе од училниците. Целото училиште излегло надвор од училишниот терен додека не пристигнала полицијата. Само првиот час не се одржа“ изјави Ненад К., кој го посетува ова училиште.