„Запален тоалет, искршени прозорци“: Хрватски и српски студенти демолирале хотел во Охрид (ВИДЕО)

0
28

Студенти од Србија и Хрватска демолирале хотел во Охрид во кој престојувале на петдневна екскурзија, објави хрватски „24сата“.

Менаџерот на хотелот кажал дека гостите биле агресивни и предизвикале голема материјална штета.

Знаеме дека станува збор за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имавме посети од големи групи студенти, но досега ваков проблем не сме имале, кажал менаџерот на хотелот од Охрид.

Претставникот на Кинезиолошкиот факултет од Загреб ги отфрли обвинувањата и кажа дека немало студенти на катот на кој била запалена соба.