Изгоре празен автобус кај село Извор, на патот Охрид-Кичево

0
18

Поради опожарен автобус, патот Охрид – Кичево кај селото Извор е во прекин. Најпрво беше во двата правци, а потоа сообраќајот се одвиваше наизменично по една лента, соопштија од АМСМ.

„Од 21:00 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци. Од ТППЕ интервенираат при гасење на опожарен автобус.“, велат од АМСМ за веднаш потоа во ново соопштение да известат дека сообраќајот се одвива наизменично, по една лента.

Според првите информации, во пожарот нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.

МВР е на терен и врши увид, а допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот.