Исчезнуваат прстените на планетата Сатурн

0
71

Сатурн можеби нема да ги има своите ледени прстени уште долго време, а тоа е заклучок на астрономитр кои го набљудувале со своите телескопи. Новата анализа на податоците собрани со мисијата Cassini на американската вселенска агенција НАСА, која орбитираше околу гасовитиот џин од 2004 до 2017 година овозможи нов увид во тоа колку долго се присутни прстените околу САтурн и кога би ги снемало.

Нашиот Сончев систем и неговите планети настанале пред околу 4,6 милијарди години, а научниците долго време водат дебата за староста и потеклото на прстените на Сатурн. Некои астрономи сметаат дека светлите ледени прстени мора да се помлади од очекуваното затоа што не се еродирани и потемнети од интеракцијата со метеороидите во текот на милијарди години.

Анализата на податоците на Cassini доведе до ново откритие објавено во списанието Icarus и таа ја поддржува теоријата за прстени кои се појавиле долго после првобитното појавување на Сатурн. Дополнителните истражувања исто така дојдоа до слични заклучоци.

Се верува дека прстените се формирале додека диносаурусите уште оделе по Земјата. Прстените главно се состојат од лед, а само мал процент камена прашина создадена во вселената од разбиени фрагменти на астероиди и микрометеороиди. Парчињата слични на зрна песок се судираат со честички во прстените на Сатурн и создаваат пукнатини, додека материјалот на прстените кружи околу планетата.