Кинезите дупчат дупка длабока 10.000 метри во земјината кора

0
62

Кинески научници почнаа да дупчат дупка длабока 10.000 метри во земјината кора. Дупчењето на најдлабокиот бунар во Кина започна вчера во регионот богат со нафта Ксинџијанг, јави официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Тесната шахта во земјата ќе навлезе во повеќе од 10 континентални слоеви или слоеви на карпи и ќе стигне до системот на креда, кој содржи карпи стари околу 145 милиони години.

„Тоа не беше лесен проект. Изградбата на такво нешто може да се спореди со голем камион што се вози на два тенки челични кабли“, рече Сун Џиншенг од Кинеската академија за инженерство, според Блумберг.